Playboy – подемот и падот на еден бизнис

30 декември, 20150
1

Памела Андерсон ќе се врати на насловните страници на списанието, кое ја направи ѕвезда – Playboy.

Веќе четириесет и осум годишната Андерсон ќе биде последната гола жена на страниците на машкото издание.

Во октомври од изданието најавија дека ќе ја променат политиката на голи фотографии и истите повеќе нема да бидат објавувани започнувајќи од март 2016 година.

Одлуката за згаснувањето на голиот концепт на легендарното списание беше примена со големо негодување во јавноста. Од Плејбој сепак имаат добри причини за изборот – бројките во последните години од нивното постоење.

pamela1

Компанијата која јавно тргнува во периодот од 1971 и 2011 година регистрира сериозен пад на бизнисот. Инвеститорите во овој период практично имаат изгубено 48% од вредноста на акциите, според податоците на Los Angeles Times. И тоа без да се земе во предвид инфлацијата … По масовниот врв во интернет бизнисот од крајот на 90-тите години на минатиот век, акциите на издавачот на машкото списание се намалија и повеќе никогаш не ги видоа претходните врвови. Истото се случува и со продажбата на списанието.

pamela2

Првиот број е претставен во декември 1953 година. Од него се продадени едвај 53 991 копии. Најдобар месец за списанието е ноември 1972 година, кога беа продадени 7.16 милиони примероци. Од тогаш па натаму започнува и падот на продажбата. Во 1975 година се продадени 5,6 милиони копии, во 2006 година – 3 милиони, во 2013 година – 1,2 милиони, во 2014 година – 0.96 милиони и едвај 0,82 милиони во 2015 година.

Компанијата прави околу 65 милиони долари од лиценцирана стока, што претставува речиси половина од нејзините вкупни приходи. Во 2009 година нејзините приходи изнесуваат 240 милиони долари, додека во 2013 година тие се едвај 135 милиони долари. Најголем дел од приходите на компанијата се во Кина – каде доаѓаат речиси 40% од нив. Тоа е благодарение на фактот што многу луѓе во земјата носат облека со логото на весникот, иако списанието нема официјална кинеска верзија. Во 2013 година суштински е намален и персоналот на популарната палата на изданието – од 585 до 165 лица до денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *