По долго време пристигнаа нови, но лоши вести за Михаел Шумахер

26 ноември, 20150
1
Речиси две години поминаа од ски несреќата која ги погоди сите љубители на Формула 1. Михаел Шумахер, на 29-декември доживеа пад на францускиот ски-центар Мерибел, по што беше ставен во во вештачка кома со цел да се санираат повредите на главата.
Германецот, наводно бил буден и свесен, но според зборовите на поранешниот претседател на Ферари, Лука Кордеро ди Монтеземоло, неговата состојба била многу лоша.
– Грдо е да го видите во ваква состојба. Човек не знае што да прави. Тој е исклучителен возач, човек и пријател. Се восхитувам на неговото семејство, Корин и децата како му помагаат на Шумахер. Јас искрено се надевам дека во скоро време ќе слушнам добри вести, изјавил Лука во интервју за РТЛ телевизија.
Претседателот на Меѓународната автомобилистичка организација (ФИА) Жан Тод често го посетувал Шумахер и понатаму верува во негово брзо закрепнување.
– Често го посетувам Михаел. Тој се бори, па и ние мораме да се бориме заедно со неговото семејство, – изјавил Тод.
Поранешниот светски шампион и неговиот тимски колега Себастијан Фетел му ја посвети на Михаел, Трката на Шампионите во Лондон овој викенд.
На сите ни е тешко што Михаел не може да биде со нас. Знаеме дека тој не е добар, но се бори и му посакуваме се најдобро. Тој е добар пријател и ни недостига, рекол Фетел.
Шумахер е на домашно лекување од септември минатата година, а неговото семејство се одлучило на стопроцентна приватност, па многу е тешко да се дознаат вистинските информации за состојбата на шампионот.
Последната информација ја дала неговата менаџерка Сабина Кем, која во мај оваа година изјави дека состојбата на Шумахер се подобрува, но со бавно темпо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber