Во првата видео снимка се гледа човекот, кој подоцна бил идентификуван како Антонио Замбрано Монтерс, како се расправа со полицијата. Тој си заминува, а еден од полицајците вади пиштол и пука во него.
Камерата го следи човекот кој претрчува преку раскрсницата, а полицијата го брка и пука во него.
Видеото содржи вознемирувачка содржина.
https://www.youtube.com/watch?v=y-0uqFTBclo
Во второто видео се гледа како полицаец го брка Замбрано. Пукањето не се гледа, но истрелите се слушаат јасно.
Видеото продолжува кога Забрано е на земјата, веќе застрелан.
Полицијата соопштила дека пукањето започнало бидејќи Замбрано со камења фрлал кон полицајците. Имено, полицајците дошле на повик поради човек кој на улицата удира луѓе со камења, и процениле дека е опасен по околината. Се обиделе да го смират со зборови, но не успеале. Откако почнал да ги удира и нив, полицијата отворила оган и го застрелала.
Поради снимките кои дошле до јавноста, народот почнал со протести, бидејќи полицијата постапила “кукавички”. Тројцата полицајци кои учествувале во убиството биле отстранети од должност додека трае истрагата.