Дечкото сака да ја остави, а девојката за да го задржи сака да купи позитивен тест за бременост!
12 февруари, 20150

Дечкото сака да ме остави, па ми треба позитивен тест за бременост (потоа ќе одглумам абортус) – напишала меѓу другото младата студентка, додавјќи дека „дискрецијата е загарантирана“.
Младата студентка од Универзитетот во Белград побарала од колегите на студентската Фејсбук страница да и` помогнат во потрага по позитивен тест за бременост, бидејќи по секоја цена сака да го задржи дечкото.
Таа подоцна во коментарите открила дека „случајно го изневерила дечкото“ и дека затоа сака да ја остави.