После 45 години и 2 деца ретко кој изгледа вака

22 јануари, 20150
19

Џенифер Лопез и во петтата деценија од својот живот докажува дека може да изгледа тотално секси и самоуверено, без разлика што има неколку разводи зад себе и две деца.

Иако некои ја обвинуваат дека им остава лош пример на децата покажувајќи го задникот со провокативното танцување во последниот спот за песната „Booty“ таа сепак е горда на себе.

Во новото издание на магазинот „Complex“, Џеј Ло е на насловната страница и позира во одличниот едиторијал на фотографот Стивен Гомилион.

Облечена е во бели бикини, па во црн сатенски корсет кој совршено ја истакнува нејзината фигура, потоа во бело боди на долги ракави со длабоко деколте во V-израз и на крај во црн фустан со високи шлицови од страните и повторно длабоко V-деколте.

Секогаш провокативна, секси и отмена, не само во изгледот, туку и во она што го зборува.

Сигурна во себе, без предрасуди зборува за тоа дека не ја интересира што зборуваат другите, бидејќи ако е мајка не значи сека не може да виде секси и дека на нејзините деца им е поважно дека таа се грижи за нив, отколку како изгледа во некое видео.

За годините зборува со гордост дека во спотот „Booty“ стои покрај 24-годишната Иги Азелија и не се забележува никаква разлика меѓу нив. Смета дека годините ѝ носат само повеќе искуство и зрелост.

Го споделува и чувството од снимањето на новиот филм „The boy next door“ каде глуми штотуку разведена, ранлива жена која успева повторно да ја пронајде смислата на животот. Приказна која е многу блиска до нејзината личност и која ѝ претставувала предизвик да ја игра како да ѝ се случува тоа на сосема друга жена.

Таа е храбра, самоуверена и секогаш згодна, што може да се забележи и од овие фотографии:

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *