Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Претпладне во одделни котлини ќе има појава на магла. Дневната температура ќе се движи од 10 до 17 степени Целзиусови.
До вторник ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време.
Од среда ќе настапи значителна промена на времето, проследена со североисточен ветер и нагло заладување, а кон крајот на денот и со зголемување на облачноста со локални слаби врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.