Постигнете најдобри ефекти од вежбањето со овие намирници

28 ноември, 20150
14

Со секој тренинг треба да оди и правилна исхрана. Важно е да се знае што треба да се јаде по вежбањето, со оглед на тоа дека тој оброк е најважен за луѓето кои се грижат за својата исхрана и сакаат да се ослободат од вишокот килограми.

Најдобро е да се јаде час и половина пред вежбањето, а се препорачува да се избегнуваат масти кои го забавуваат варењето. По тренингот помагаат овошните шејкови…

Најважно е да запаметите дека покрај водата (која е задолжителна) треба да конзумирате уште јаглехидрати и протеини. Избегнувајте масти; тие се сепак добри за организмот, но не смеат да се внесуваат по вежбањето бидејќи го забавуваат варењето.

ЈАДЕТЕ НАЈДОЦНА 60 МИНУТИ ПРЕД ТРЕНИНГОТ

Исхраната има големо влијание на резултатите од вежбањето, како и добриот тајминг. Претерувањето со храната може да влијае на варењето и да предизвика непријатност при вежбањето. Важно е да ја прилагодите исхраната на себе како поединец и да ја надополните со рибино масло, витамин Д како и зеленчук и овошје.

СМУТИ ПО ТРЕНИНГОТ

Идеалниот оброк по вежбањето е мешавина од протеини и јаглехидрати. Најдобро е да почнете со течен оброк, а потоа со цврста храна во слична комбинација како што се јаде пред вежбањето. Се препорачува овошен смути, смути од лиснат зеленчук или протеински напиток. Со помош на нив телото брзо ќе се опорави, а уморот ќе се намали.

ПРЕД ВЕЖБАЊЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО ИЗБЕГНУВАЈТЕ…

Намирници со голем процент на масти. Телото најбавно ги разградува мастите па варењето се забавува, а ризикот од надуеност е поголем што сигурно не сакате бидејќи потешко ќе ги изведувате вежбите.

Ако немате време и не стигнувате да јадете пред тренингот, тоа може да го надополните со BCAA аминокиселини, тврдат фитнес тренерите. Овие аминокиселини спречуваат замор и ја зајакнуваат мускулната маса. BCAA можат да бидат во облик на пилули или прашок кој може да се помеша со сок или вода. Тие ќе го надополнат количеството протеини кои телото ги троши за време на тренингот и ќе ја зачуваат мускулната маса. Предност е што може да се пијат пред и во текот на тренингот.

Најдобар извор на протеини кој може да го конзумирате и брзо да се свари е во течна состојба: сурутка во прав во комбинација со вода е идеална комбинација. Сурутката во прав содржи протеини кои брзо се варат, а се покорисни од протеините кои ги има во цврстата храна.

Многу луѓе јадат овошје по вежбањето, бидејќи има шеќер како и многу други корисни работи. Ако по секоја цена сакате да јадете овошје по тренингот (што е најдобро решение) одберете онакво кое содржи повеќе гликоза од фруктоза бидејќи, имено, фруктозата полека го крева нивото на шеќер во крвта и само црниот дроб е способен да ја складира фруктозата во облик на гликоген, а не мускулите. Треба да јадете овошје со висок гликемиски индекс како што се бананата и грозјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi