Зошто некои девојки ставаат Кока-Кола на косата?

28 ноември, 20150
Зошто некои девојки ставаат Кока-Кола на косата?

Кога ви е потребен силен удар на енергија чаша или лименка Кока-Кола е секогаш добредојдена, тоа не е никаква тајна, но и вашата коса би можела да посака таков вид енергетска бомба. Досега веќе сме виделе и чуле многу трикови кои наводно помагаат косата побрзо да расте, да се регенерира нејзиниот корен и слично, но за оние кои сакаат фризура како тукушто да се вратиле од плажа, волумен и нестандардна текстура, Кока-Кола очигледно има што да понуди…

Заборавете на жолчки, маслиново масло и слични природни намирници кои ќе ја направат вашата коса сјајна и мека. Благодарение на видео советите на YouTube каналот Ellko, можете да видите каков ефект на вашата коса може да има пијалокот како Кока-Кола.

За коса која изгледа како тукушто да сте се вратиле од плажа ќе ви биде доволно едно шише од половина литар. Сметајте дека прво ќе треба да ја измиете косата, а потоа ќе нанесете од овој сладок сок, а потоа ќе ја исплакнете и исушите. Не грижете се доколку косата на допир ви се чини сува, тоа е само привремена состојба и до следното миење се ќе се врати по старо!

Погледнете го видеото и детално информирајте се за оваа техника на правење морски локни…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *