Постојат работи кои треба веднаш да ги избришете од животот…

17 февруари, 20150
13

Постојат работи кои ги правиме против наше задоволство само поради страв, почит кон другите или поднесуваме одредени личности иако знаеме дека не се оние што треба да бидат покрај нас.

Ова се 12 работи кои сигурно и вас ве нервираат, а денес е денот кога истите треба веднаш да ги елиминирате.

Лошо момче/девојка

Лошата врска која се базира на повеќе секс и помалку разговор треба да се прекине веднаш, бидејќи од комична ситуација која делува интересно може да премине во трагична која нема да биде така интересна кога партнерот ќе ви раскине прв.


Работата која ја мразите

Ве измачува и се чувствувате заробени во вашата канцеларија. Дајте отказ и започнете да барате работа која ќе ви предизвикува задоволство. Знаеме дека често парите се проблем, но ако не побарате нова можност, како знаете дека заработувате доволно во моментот?


Лажен пријател

Зошто сè уште го поднесувате? Кажете му во четири очи дека не сте будала која може да ја лаже за сè и сешто, а покрај тоа да помине незабележително. Доколку немате храброст за ова, оддалечете се тивко без врева, самиот ќе сфати.


Бебе пријател

Ова е оној пријател за кого секогаш треба да се грижите дали вашата шега ќе го навреди или ќе се налути поради тоа што денес не може да излезете со него на кафе. Никој не смее да ви кажува што да правите и да ви го планира времето, а посебно не смее да ви се лути за глупости доколку ви е вистински пријател.


Ужасните цимери

Ако живеете со цимери кои не ви одговараат, веднаш променете го местото на живеење, подобро да живееш сам отколку со некој што постојано ти оди на нерви, намерно или не.
Градот кој ве задушува

Постојано размислувате да избегате од него, но нешто ве кочи. Елиминирајте ги сите пречки кои се нереални поради вашиот страв, соберете храброст и спакувајте ги куферите.

12-raboti-koi-ve-nerviraat-i-treba-vednas-da-gi-izbrisete-od-zivotot-02.jpg

Иднина која не ја посакувате

Размислувате за иднината кон која не сакате да чекорите и повторно несвесно чекорите кон неа, бидејќи како што рекол Буда, она што мислиш, тоа и постануваш. Сменете го мислењето и видикот од непосакувана иднина кон прекрасна.
Општественото мислење

Тоа што другите го мислат за вас, не е ваша работа. Едноставно елиминирајте ги грижите што ќе кажат другите, бидејќи и кога би правеле како што нив им одговара, тие повторно ќе мислат што сакаат.


Вашето старо “
Јас”

Простете си ги грешките и престанете да се чувствувате виновно поради минатото, гледајте да ви биде убаво денес и понатаму. Тоа што било – поминало.


Личноста која не може да ја одбиете

Секогаш постои таа личност која ве манипулира иако сте свесни и не можете да ја одбиете ниту за една побарана услуга. Денес е денот кога треба да го слушне вашето “Не”.
Споредбата која ја правите со другите луѓе

Вие сте уникатни, никогаш не споредувајте се со другите, луѓето се различни иако имаат многу сличности. Не натпреварувајте се со другите, натпреварувајте се да бидете подобри од самите себеси, секој ден!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *