Вена Малик, позната пакистанска актерка, осудена е на 26 години затвор бидејќи „злонамерно“ богохулела.
Како што пренесоа светските медиуми, злоделото на Малик било тоа што снимила сцена од венчавка која е емитувана на TV Geo, и со тоа предизвикала загриженост кај тамошната јавност.
Поради споменатата сцена осудена е на 26 години затвор, како и нејзиниот сопруг Асад Башир Кан и режисерот Мир Шаки-ур-Рахман.
Малик освен што треба да одлежи во затвор, мора и да плати казна во износ од 8.000 фунти.
– 26 години, немојте! Тоа е цел живот. Верувам во пресуда на високите судови, рекла актерката.