Празниците го будат “дивото” во вас

2 јануари, 20150
3

Слободни сте и немате обврски – што значи сексот е совршено решение да го пополните своето време. Сексот ќе ве тонизира и ќе го зголеми празничното расположение.

За некои Божиќ е еден свет празник, а за други тоа се неколку неработени дена и повод за одмор. Некои луѓе решаваат да направат шопинг за Божиќ – украси, подароци, плодови за божиќната трпеза. Други решаваат да имаат корист од долгиот одмор и да се впуштат во бурен сексуален живот.

Може и да негирате, но празниците го будат “дивото” во вас. Желбата за секс доаѓа од фактот дека свеста не ви е затрупана со работа, обврски, задачи и имате еден куп време да размислите за себе и да се разгалите…со секс. Нема потреба да споменувам дека сексот е врвно задоволство и прекрасен начин да се позабавувате предпразнично. Ако божиќните и новогодишните празници не ви носат доволно уживање, тогаш сексот нема како да не го промени тоа. Сексот ќе ви обезбеди огромна доза на добро расположение.

Празничниот секс е нешто повеќе од неизбежно. Речиси 100% од мажите се надеваат дека ќе имаат секс за време на викендот. Ако сте решиле да потрошите божиќните и новогодишните празници на патување, желбата и очекувањето дека ќе има секс е уште поголема. Замислете, нели ви се случило уште од првиот ден на викендот вашата партнерка да ве погледне со оној ‘сакаш’ поглед. Како би му откажале!? Ништо чудно во следните неколку празнични денови да се посветите на вистински секс маратон. Не случајно повеќето луѓе имаат потреба од одмор по викендот. Но, вреди!

Ако за божиќните и новогодишните празници ви претстои патување со автомобил зошто да не заказните за гостувањето кај роднините. Искористете ја можноста да испорачате значително количество на задоволство, зачинето со чувство на среќа и празнично расположение, токму пред Божиќната ноќ. Глетката ќе биде толку тривијална колку и сексуалната сцена од Титаник со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет. Ништо страшно, нели ви одговара барем за Божиќ да се почувствувате како во сцена од филм. Внимавајте сепак да не ве фатат, бидејќи сексот во автомобил на јавно место, колку и да е возбудлив, останува и понатаму незаконски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *