Приказна што предизвика многу реакции: Завршив на невропсихологија и работам како порно ѕвезда!

16 ноември, 20150
29

Во ексклузивното признание за американското онлајн издание на Esquire, младата Ана Чери раскажува како започнала да се занимава со секс пред камера, уште пред да добие научен степен по неверопсихологија и колку компатибилни всушност можат да бидат овие две активности.

Родена сум во Советскиот Сојуз, но живеам во Америка од 2001-ва, кога имав 15 години. Мајка ми е доктор, а татко ми – биохемичар.

Имав авантуристички однос кон сексот уште како млада.

618x386

Со моите родители реално никогаш не сме разговарале на ова прашање – воопшто.

Образованието секогаш било исклучително важно за моето семејство. Завршив на колеџ во Мемфис каде земав диплома за психолог, а потоа се упатив на невропсихологија, бидејќи буквално се заљубив во оваа насока од медицината.

Со мојот тогашен партнер живеевме кај пријатели, кои во тоа време беа свингери и расположени за експерименти.

Им предложивме: „ Сакаме да имаме секс пред некого, сакате ли вие да бидете гледачите?” Не се снимавме. Беше само нешто за кое што имав фантазии, за кои никој дотогаш не знаеше. Никогаш не сум знаела дека можам да го правам тоа, но всушност кога имав секс пред луѓе за прв пат тие реагира: „Браво. Ова е одлично“.

Бев на колеџ и тој период имав финансиски проблеми.

Си помислив, “И без тоа имаме секс постојано, што ако почнеме да се занимаваме со вебкам секс онлајн? Што ако најдеме место каде што ќе ни плаќаат за да имаме секс?”

И така почнавме.

Партнерот подоцна ми стана сопруг и во моментов и двајцата сме хонорарни порноѕвезди.

Исто така имам и соло шоуа, но сакам тој да е во собата, бидејќи за мене работите се многу визуелни – сакам да има некој во собата, кој ќе можам да го гледам и да набљудувам како се насладува на истите работи како мене.

Убаво е да имаш и некој надвор од екранот, кој ќе те одржува во расположение.

Не секогаш можеш да ја видиш реакцијата на фановите приклучени онлајн. Понекогаш владее само тишина и немаш поим што се случува од другата страна. Ја прифаќаш реалноста дека човекот уште е таму и плаќа на минута, а сепак ужива во она што го гледа, и му се допаѓаат работите кои ги гледа.

И сепак тишината на моменти е малку вознемирувачка.

Има околу 15-20% од клиентите кои сакаат нешто конкретно, па се специјализиравме во понудата на улоги.

Но главно има луѓе кои сакаат јас да чувствувам задоволство и да се забавувам, независно што значи тоа. Има, меѓутоа, и други, кои велат: “Сврти се и направи ја оваа поза или прави што сакаш, но покажи ми го задникот”.

Никогаш не знаеш дали навистина паѓаат на овие работи, или едноставно се обидуваат да натераат некого да направи нешто апсурдно.

Најоткачен и незаборавен предлог што го добив беше:

“Ќе се испрдиш ли на чоколадна торта?”

Апсолутно не! Пелени исто така нема да ставам! Всушност не сум целосно сигурна што точно сакаат оние со пелените…

Правам шоуа за веб камера просечно по три часа дневно, околу четири дена во неделата, ако работам активно.

Јас сакам да изгледам енергична, да сум позитивна, и понекогаш е тешко да го одржуваш тоа темпо, но добрата околност и помош е кога имаш имаш колега и партнер.

Неговото присуство пред камерата и надвор од камерата, ми помага да ја одржувам сексуалната енергија во моменти кога не се чувствувам толку секси.

Моето семејство веќе знае дека го заработувам лебот со секс шоуа.

Тоа е нешто што и го кажав на мајка ми дека го правам, уште во првата година на колеџ. Веќе ја земав дипломата и имам научен степен. Ако можам да најдам програма со грант за која сакам да работам, јас би го правела тоа со задоволство.

Ја сакам невропсихологијата, но во моментов порното е забавно, носи пари и е нешто што можам да го правам од дома.

Мајка ми всушност се почувствува малку подобро, кога дозна дека сум во врска со еден единствен маж во секој поглед. Освен што ми е животен сопатник, тој е мојот единствен сексуален партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş