Рајан Гослинг: Од жената барам само да биде Ева Мендез

22 декември, 20150
13

Канадскиот актер, кој со колешката Ева Мендез (41) ја има едногодишната ќерка Есмералда, и кој е познат по тоа што својата приватност ја чува “како змија нозете“ и речиси никогаш не говори за приватниот живот, конечно проговрил за својата животна партнерка и нивното девојче.

Рајан Гослинг  изјавил дека е сигурен дека својот живот го врзал со вистинска личност, притоа мислејќи на својата партнерка. На прашањето какви квалитети бара во жената, актерот одговорила кратко и јасно.

„Од жената барам само да е Ева Мендез. Освен тоа, ништо не ми треба“ – изјавил Рајан и воодушевил со својот романтичен гест.

Актерскиот пар е заедно од 2011 година, но ретко можеле да ги видат заедно во јавноста, а бременоста на Ева ја криеле до седмиот месец, кога папараците ги разоткриле. Токму затоа што толку љубоморно ја чуваат својата приватност од медиумите, претставниците на седмата сила често пати ги разделувале и повторни ги составувале, па пишувале за проблемите во нивната врска. Како причина за нивните кавги го споменувале и проблемот на Ева со зависност од алкохол, од што се лечела, љубомората и блискиот однос на Рајан со бившата девојка Рејчел Мекадамс.

Но со оваа изјава за мајката на својата ќерка, актерот на сите им дал на знаење дека со нив се е во ред, а говорел и дека многу му се радуваат на Божик со нивната галеничка. Рајан рекол и дека родителството не го доживува како нуклеарна физика, туку како нешто сосема нормално и природно, па да се биде татко, воопшто не му е тешко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi