Роналдо ја исфрлил Ирина Шајк од својот филм со изговор: „Неважна е”

22 ноември, 20150
5

Иако во времето додека се снимал документарниот филм за Кристијано Роналдо, славниот фудбалер беше во врска со супермоделот Ирина Шајк, Роналдо се погрижил таа да не се најде во тоа остварување.

Тој ја снимал и Ирина поради тој документарец, поминувале време заедно. Сè било подготвено. А потоа, избришал сè. Едноставно ја нема.

Кога конечно го прашале зошто ја нема Ирина во неговиот филм, тој рекол дека жената која ја посакуваат речиси сите мажи на светот е – неважна.

– Животот има и добри и лоши делови. А, постојат и такви делови од животот кои не се важни – рекла суперѕвездата на Реал Мадрид.

Роналдо, можеш што сакаш да кажеш за девојката, но многу е непристојно после толку време поминато заедно да кажеш дека ти е неважна. Особено пред милиони луѓе.

Режисерот на филмот, Ентони Вонке, истакнал дека парот бил специјално сниман за потребите на ова остварување.

– Имавме неколку ситуации во кои ги снимавме заедно, дури и вечеравме во друштво на Ирина. Но, филмот е краток – вели режисерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi