Човек од Масачусетс кој купил два тикети за игри на среќа како би раситнил 100 долари, освоил 10 милиони.
Од Државната лотарија изјавиле дека Ричард Нол и неговата сопруга ја презеле наградата минатата недела.
Тие се одлучиле на исплата на цел износ од 6.5 милиони долари (износ со пресметан данок) и изјавиле дека за тие пари сакаат да купат куќа, да ја однесат внуката во Дизниленд, а остатокот ќе го вложат во некој бизнис.
Човекот кој му ги продал тикетите изјавил дека Ричард ги купил само за да раситни пари за ручек.