Линијата на Samsung Galaxy O линијата се очекува во наредниот период, а спецификациите на првите два уреди од оваа линија се појавиле на интернет сајтот SamMobile. Сајтот тврди дека телефонот ќе го носи името Galaxy Grand On и Galaxy Mega On и дека би можело да се работи за верзиите Galaxy Mega и Grand моделите, а не околу индивидуална нова серија на уреди.
Хардверот на овие два телефони (Grand On/MegaOn) вклучува 5.5 инчен HD дисплеј, Exynos 3475 и Snapdragon 410 процесори, 1 GB и 1.5 GB рам меморија, 8GB и 16 GB интерна меморија, 2600 mAh и 3000 mAh батерии, камера од 8MP и 13MP на задната страна и камера од 5 MP на предната страна.
За сега нема информација кога споменатите телефони ќе бидат лансирани, но се очекува повеќе информации да има веќе од следната недела каде почнува саемот IFA 2015.