Катриона Вајт, 28-годишната девојка на популарниот актер Џим Кери, беше пронајдена мртва.
Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, бидејќи биле пронајдени таблети до телото, како и проштално писмо адресирано до Кери.
Вајт и Кери наводно раскинале по вторпат пред неколку дена. Нејзината последна порака на Twitter гласи: „Се исклучувам од Twitter, се надевам дека бев светлина за моите најблиски и најдраги“.
53-годишниот актер ја изрази својата тага преку соопштение во кое се вели: „Шокиран сум и чувствувам длабока тага поради смртта на мојата слатка Катриона. Таа навистина беше добродушно и деликатно ирско цвеќе, премногу чувствително за оваа почва…. Сите нас нè удри гром.“
Кери и Вајт влегле во врска во 2012 година, но по неколку месеци се разделиле. Во мај годинава тие ја обновиле врската.