Што ќар од тоа да сме добри?

5 јануари, 20150
19

Во пресрет на најголемиот верски празник Божиќ, особено се истакнува потребата од добрина, љубезност и емпатија. А такви треба да бидеме колку што е можно повеќе во животот, не само на празници. Но, зошто? Што имаме ние од тоа?

Некои ќе речат дека немаат никаква корист од правењето на добри дела, други ќе речат дека не им ни треба. Ни едните ни другите не се во право. Освен што со добрината им помагаме на другите, емпатичното однесување придонесува и за наша лична добробит. Што повеќе се грижите за другите, толку подобар свет ќе изградите, но и подобра интимна врска со самите себе.

kindness[1]

Во туѓа кожа

Колку пати сте прашале некој како е без вистински да ве интересира? Размислувате ли за тоа како се чувствува личноста што ја прашувате и го земате ли во предвид одговорот?

Емпатијата не е само замислување за тоа како им е на другите. Емпатијата е слушање на соговорникот со главата, но и со срцето, преку што се формира емоционална поврзаност, со цел полесно разбирање на туѓите емоции.

Роман Крзнариќ, популарен философ и основач и член на лондонската „Школа за живот“, предупредува дека во последните години емпатијата се повеќе избледува и исчезнува, и се повеќе се спомнува во негативен контекст. По децении посветени на проучување на емпатијата и советување на организации како ЕУ, во својата нова книга тој советува што почесто да се обидуваме да „влеземе во туѓа кожа“. Не само што таквото однесување не би било без поента, туку би го променило животот на поединецот на подобро. Како што вели Крзнариќ, од својата емпатија можеме само да профитираме.

c77805dd1de45714_shutterstock_116101924-xxxlarge_2x[1]

Мозокот ни е програмиран да помагаме

Емпатијата не е само убав гест, а на тоа алудираат и доказите од еволуционата биологија, неврологијата и психологијата. Во мозокот имаме неврони „огледала“ – нервни клетки кои се активираат, меѓу останатото, и при набљудување на некоја активност која веќе сме ја искусиле. Тие неврони го отсликуваат туѓото однесување, како набљудувачот да го прави самиот. Сликовито, токму тие неврони прават да „влеземе во туѓа кожа“. Се до нивното откривање, емпатијата беше тема на дебата во круговите на когнитивната наука. Сега знаеме дека сочувството ни е вродено.

Една студија покажува дека нашиот мозок произведува окситоцин (кој најмногу се лачи во текот на породувањето, оргазмот или доењето) дури и во ситуациите кога гледаме некој во несреќа или во жалост. Тогаш истовремено се лачат серотонин и допамин – материи заслужни за доброто расположение, кои во нас ја будат желбата да помогнеме. Така, научниците докажуваат дека мозокот ни е програмиран за сочувство и грижа за другите. Но, зошто е добро да се прави добро?

kindness

Нашата добробит од правењето на добри дела

Парадоксот е што од емпатијата имаме и потполно лична корист, која се манифестира со добро чувство и подобрување на сопственото здравје. Па така, што повеќе се грижите за чувствата на другите, ќе бидете поздрави, па можеби ќе живеете и подолго и подобро.

Од друга страна, по некоја логика, ако природно сме програмирани за да правиме добро, тогаш правењето на обратното би имало негативни последици по нашето физичко, ментално и емотивно здравје.

Со емпатичното однесување ја подобрувате сопствената самопочит, самодоверба, ги подобрувате комуникационите вештини и стекнувате нови искуства. Но најважното, емпатијата ве поврзува со другите живи суштества.

save-baby-bird-kindness-to-animals[1]

Емпатични, но објективни

Може ли нашето сочувство да не направи ранливи и чувствителни? Може ли да му ја олесни работата на првиот „лакташ“ што ќе ни се испречи на патот, на луѓето кои лицемерно ќе ве истуркаат и ќе ви го завземат местото и кои се чини често поминуваат подобро во животот?

Емпатијата не е слепо верување. Секогаш подразбира одредена објективна дистанца, но низ уважување на другите личности и нивните особини. Влегувајќи во емоционалните светови на другите, не го губиме сопствениот идентитет. Ги слушаме емоциите, желбите и грижите на соговорникот, но при тоа објективно ги согледуваме и потребите кои се кријат зад нив.

Во идеалниот свет, емпатијата би требало да ја има насекаде. Иако повеќето особини ги наследуваме, емпатијата може да се научи и стекне.

random-act-of-kindness[1]

Вежбајте емпатија

Разговарајте со непознат на автобуската станица, во продавница, на училиште, во чекалната кај докторот… Фокусирајте се на соговорникот и сослушајте што ви раскажува, при тоа обидете се да ги почувствувате неговите емоции. Честите емпатични ситуации ќе ве направат попроникливи во туѓите размислувања, идеи, чувства и мотиви. Од една страна тоа ќе ве направи подобар човек, а од друга страна ќе ви го изостри и детекторот за скриени и подли мотиви кај другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş