Што треба да знаеме ако сме меѓу 20 и 30 години?

25 јануари, 20150
14

Кога си на 20, ти се чини дека пред тебе се простира еден весел и непречен живот. Со тоа чувство ги доживуваш наредните десетина години, уживајќи во младоста. И одеднаш, еден убав ден, на вратата тропаат 30-тите.

Тогаш сфаќате дека сте можеле да направите многу повеќе.

Еве што треба да знаеме за периодот меѓу 20-тите и 30-тите години.

Најважната деценија

Една од најголемите грешки на новиот милениум е дека возраста од 20 до 30 се смета за време кога „можеш да си поживееш”. Здравје, многу сила, многу забава – и ни се чини дека ова ќе трае вечно. Оваа позиција сепак е лажна. Научниците докажаа дека 80% од судбоносните настани во човечкиот живот се случуваат пред 35-годишна возраст. Две третини од растот на приходите се случуваат во првите 10 години од кариерата. До 30-годишна возраст повеќе од половина луѓе стапуваат во брак, почнуваат да излегуваат или да живеат со својот иден сопатник во животот. Личноста ни се менува најактивно од 20 до 30 годишна возраст. Не е за пропуштање и фактот дека репродуктивните способности на жените го достигнуваат својот врв околу 28 годишна возраст.

По 30 ќе заживеете вистински!

Постои еден интересен мит, кој ги гони луѓето помеѓу 20 и 30-годишна возраст. Тие мислат дека по 30 животот брзо се менува и станува многу поубав отколку што е на 20. Ни се чини дека ако во нашите животи на 20 – 30  не сe случува ништо интересно, тогаш тоа ќе се случи по 30-тата. Размислуваме  дека сè што е интересно доаѓа подоцна. Истражувачи од Бостонскиот и Универзитетот на Мичиген  анализирале стотици приказни напишани од познати луѓе во крајот на земскиот пат. Станало јасно дека важните настани се случуваат од раѓањето до самата смрт, но оној дел што го одредува целиот тек на подоцнежниот  живот, доаѓа токму во периодот од 20 до 30 години.

Што всушност се случува по 30?

Ако не се изгради некаква почетна платформа за себе до 30, не чека една многу тажна и тешка деценија. Кога го одложувате сето тоа за подоцна, по 30-тите на плеќите ни лежи огромен предизвик – да успееме во некаква дејност, да се најде партнер и да родиме деца, да заработиме пари и да си купиме куќа, да основаме бизнис или да напредуваме во службата – и сето тоа во многу кратки рокови. Многу од овие задачи се практично некомпатибилни – освен тоа по 30-тата станува многу потешко да се направи сето тоа истовремено.

Најдобро време за кариера

Најважните настани во кариерата, колку и да е чудно, се случуваат токму во овој период. Околу две третини од зголемувањата на платата што доаѓаат во првите 10 години од професионалната дејност. На 20 и нешто  луѓето често мислат дека имаат уште десетици години, во кои би можеле да заработуваат повеќе и повеќе. Тоа најчесто се само соништа. Имено, оние кои ја почнуваат доцна кариерата, ретко успеваат да го надминат јазот што ги дели од оние кои стапиле порано на таа скала.

Сериозен пристап кон врските

Ако градењето на кариера може да се спореди со игра на блек џек (кога треба да ги гледаш картите, за да земеш решение; да играш со две раце, а истовремено со тоа да не ги забораваш тековните резултати; кога треба да си подготвен да ризикуваш), изборот на партнерот во животот личи на тоа да отидете на рулет и да ги ставите сите ваши жетони на црвено. Од едно решение зависат сите подоцнежни страни на зрелиот живот. Парите, работата, начинот на живот, семејството, здравјето, пензијата и дури смртта – сè веќе станува трка по трчање во парови, во кое ногата на едниот маратонец е приврзана за нозете на другиот. Затоа, кога на 20 го одложуваме развивањето на сериозна врска, вреди да разбереме дека на 30 ова ќе биде многу потешко. Неактивноста во периодот меѓу 20 и 30 години е опасна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi