Сируп од лук кој веднаш ќе ја смири кашлицата

29 ноември, 20150
8

Студенилото кое владее надвор од топлите домови и канцеларии е најголема причина зошто градите ви крчат и постојано кашлате. За да се излекувате природно и на време, пробајте го овој природен сируп.

Моќната комбинација на природните лековити состојки ќе ви помогне брзо да се ослободите од кашлицата.

Потребни состојки:

  • 1 чаша мед
  • 1 чаша лимонов сок
  • 1 бела ротквица
  • 1 главица виолетов кромид
  • 6 чешниња лук

Начин на подготовка:

Измијте го зеленчукот, излупете го и исечкајте го, па сомелете го во блендер.

Додајте го медот и свежо исцедениот лимонов сок, така да добиете хомогена смеса.

Земете една газа и процедете ја смесата во стаклена тегла.

Сирупот чувајте го во фрижидер, а неговата свежина ќе трае една недела.

Возрасните можат да земаат 2 кафени лажици дневно, па дури и повеќе во зависност од состојбата на кашлицата, а за деца се препорачува 1 кафена лажичка дневно.

Уште по првото консумирање на сирупот, вашата кашлица ќе се смири и ќе започне да исчезнува.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *