Славен покераш наседна на блеф на финската мисица и остана без милион долари

popara16 февруари, 20151min00
Славен покераш наседна на блеф на финската мисица и остана без милион долари

Еден од најдобрите покераши на светот Рони Бард испадна од турнирот Шерк Кејџ откако наседна на блеф на преубавата финска натпреварувачка Сара Чафак.

Сара инаку беше мис на Финска 2012. година, но покажа дека е фатална за славниот покераш.

Бард влезе во историјата како прв играч кој пет пати по ред освоил најголеми турнири на „Светските покер серии“, но овој пат наседна на блефот на убавата мисица.

Тој во седмиот круг од турнирот Шарк Кејџ поради блеф на финската мисица направил кобна грешка во проценката поради што го пропуштил кругот, а на крај испаднал од турнирот.

Меѓутоа, ниту убавицата од Финска не стигна до финале, по што турнирот вреден милион долари го освои Канаѓанецот Грифин Бенгер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma