Со Фенг Шуи привлечете поволна финансиска состојба

5 декември, 20150
11

Фенг шуи се бави со протокот на енергиите и нивното влијание врз животот. Според Фенг шуи, централната област поврзана со финансиите е најјужниот дел од вашиот дом.

Покрај тоа секоја просторија од вашиот дом има своја област поврзана со финансиите. Еве неколку совети како да ги привлечете парите според древната кинеска филозофија за уредување на домот.

Се работи за најблискиот лев агол во било која просторија кој треба да го исполните со позитивна енергија. За почеток, добро исчистете и отстранете ги непотребните работи кои ви пречат, па така ќе можете да привлечете позитивна енергија. По тоа поправете ги сите скршени или нефункционални работи или исфрлете ги од домот.

Наведената област исполнете ја со симболи за богатство, на пример украси со пари, бамбус или некои други работи кои симболизираат богатство. Во комбинација со класичните симболи можете да поставите и слика на тоа што го сакате.

Сите делови од  домот кои се поврзани со финансискиот дел исполнете ги со виолетова и зелена боја, бидејќи виолетовата го симболизира богатството, а зелената растот и виталноста.

Секако, потребно е и да внимавате на ситници. Уредно чувајте ги парите, без да ви се претураат по џебовите и фиоките. Ако не водите сметка за парите, нема ни да ги имате. Затоа забележувајте ги во тефтер трошоците и плаќајте ги сметките на време. Парите треба да ги делите со другите, како што ќе ги споделите така и ќе добиете. Благодарноста за тоа што го имате е мошне важна затоа што колку повеќе го цените тоа што го имате, колку и да е малку, таквиот став ќе привлече нови работи во вашиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi