Супер-спортски автомобил: Yamaha Sports Ride Concept
Еден од навистина интересните автомобили, кој за прв пат се појави на саемот во Токио е Yamaha Sports Ride Concept, првиот супер-спортски автомобил на познатиот бренд за мотоцикли.
Автомобилот е дизајниран од истиот дизајнер кој го дизајнираше познатиот McLaren F1, Гордон Мери, но е сосема нов концепт и нема ниту централно поставено седиште, ниту V12 мотор од BMW.
Концептниот двосед е изработен на патентираната платформа која ја користи Гордон Мери за евтино производство на лесни супер-спортски автомобили, наречена iStream Carbon.
Автомобилот е долг 3.9 метри, а висок 1.12 метри. Тежината е одлична и изнесува импресивни 750кг, што е значително пониско од многу автомобили на пазарот. За споредба, автомобилот е 200кг полесен од Mazda MX-5.
Управувањето за сметка на тоа е одлично и според тест пилотите, тоа е поблиско на мотоцикл отколку на автомобил, што е нормално кога производителот е бренд за мотоцикли.
Информации каков мотор ќе има во автомобилот се уште нема објавено, а иновативното во овој автомобил е изработката на каросеријата од слоеви јаглеродни влакна, нешто блиску до „Формула 1“ болидите.