Свадбата на Софија Вегара!

popara24 ноември, 20151min00
111

Убавата Софија Вергара стана хрватска снаа.

На венчавката во Флорида таа се омажи за познатиот актер Џо Манганиело кој има италијанско-хрватско потекло.

Свадбената прослава траеше дури два дена, а згодната Вергара до олтарот ја отпрати нејзиниот син Маноло, а ја подржа и цела свита славни пријатели и колеги.

Меѓу познатите гости се најдоа и: Ченанг Татум, Рис Витерспун, Арнолд Шварценегер и други.

Заљубениот Џо својата новопечена сопруга ја изненади со песната „Sweet child o’Mine“.

b6

Прекрасните моменти од свадбата ги споделија на Инстаграм, па сите значајни моменти имаа можност да ги погледнат и многуте обожаватели на славната двојка.

Медиумите во САД ја нарекоа свадба на годината, а во прашање е едно од најскапите холивудски венчавки. Брачната двојка за своите гости изнајми 50 куќи на плажа и стотина соби во хотели.