Таткото пред болна одлука: Ќеркичките му умираат, а тој може да спаси само една

26 јануари, 20150
2

Кога Мишел и Џоун Вагнер посвоиле близначки од Виетнам, тие имале по само 18 месеци и тежеле по неверојатни 4 килограми…

Подоцна дознале дека тие имаат некоја болест поради која им откажуваат органите, а близначките Бин и Пок биле во страшна физичка состојба.

На девојчињата во исто време почнал да им откажува црниот дроб, поради што трансплантацијата била единствено решение за спас на нивниот живот.

За среќа, црниот дроб на Мишел бил погоден за трансплантација, но тој не можел да им помогне на двете, туку можел само на една од близначките да им донира орган.

Во меѓувреме тие отвориле профил на Фејсбук во потрага по уште еден донатор, а се надеваат дека ќе се најде хуман човек кој ќе спаси живот на едно од девојчињата.

Она што е малку проблематично е фактот што операцијата треба да се направи во рок од две недели, што е навистина малку време за да се најде соодветен донатор.

Родителите се надеваат дека ќе се најде спас за двете девојчиња, а во меѓувреме очекуваат чудо.

decaorgan

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi