Теорија на венчалниот прстен: Зошто се носи на домалиот прст?

24 ноември, 20150
2

Зошто луѓето венчалниот прстен го носат на домалиот прст? Постојат многу објаснувања, ама ова што ќе го прочитате тука звучи посебно:

-Палецот ги претставува твоите родители
-Показалецот ги претставува твоите браќа и сестри
-Средниот прст те претставува тебе
-Домалиот прст го претставува твојот партнер
-Малиот прст ги претставува твоите деца

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сега обиди се следното: Рашири ги дланките и спој ги прстите еден со еден (палец со палец итн) и одвој ги дланките. Сега свиткај ги средните  прсти како на сликата. (навнатре). Сега следува забавниот дел:- Обиди се да ги одвоиш палците кои ги претставуваат твоите родители. Ќе се одвојат затоа што на твоите родители не им е судено да живеат со тебе цел век и мораат порано или подоцна да те пуштат од својот скут. Пак спој ги палците и обиди се исто сега со показалците. Ќе се отворат затоа што на твоите браќа и сестри им е судено да отидат понатаму по својот пати да имаат сопствено семејство. Врати го показалецот и обиди се со малиот прст. Ќе се случи истото затоа што на твоите деца исто така им е судено да си отидат од тебе исто како што ти е тебе судено да си заминеш од своите родители. Врати го малиот прст и обиди се со домалиот. Сигурно ова ќе те изненади: НЕ МОЖЕШ ТОА ДА ГО НАПРАВИШ. Тоа е затоа што мажот и жената треба целиот живот да останат заедно, да делат добро и зло. Интересно,нели??!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş