Кој може да даде подобар совет за тоа што ги возбудува мажите, од самите нив? Еве неколку идеи кои добро ќе би дојдат ако сакате да го возбудите партнерот, со некое изненадување.
Кога станува збор за мажите, сите се различни, нивните преференции за секс се разликуваат. Но еве некои работи кои ќе ги воодушеват повеќето од мажите, барем тие така тврдат, еве кои се тие:
Изненадете го со секси јавување
Звучи старомодно, но мажите едно ставно се палат на некои работи. Јаве те му се кога тој најмалку ќе очекува и со заводлив глас кажете му дека мислите на него. Тоа може да биде голема предигра и увертира.
Стимулирајте го визуелно
Ова се однесува на стриптизот. Колку пати тој спектакл сте му го понудиле на вашиот партнер? Никогаш! Време е да го изненадите со едно секси соблекување. И не се грижете, не треба за тој настан одма да истрчате и да фрлите пари за секси долна облека. Само соблеќете ја вашата облека пополека и секси додека тој ве гледа.
Земете му ја раката и водете ја по вашето тело за да му покажете како треба
Покажете му на вашиот партнер што ве возбудува, тоа и него ќе го возбуди.
Предложите нешто ново
Мажите сакаат кога партнерката ќе ја превземе иницијативата. Зошто морате да практикувате само една поза? Ставете му до знаење дека со него сакате да откривате некои нови пози, на некои други места, со некои додатоци од секс играчки….
Дозволете му да си игра со вашите секс играчки
Ако имате вибратор или некои дуги секс играчки, користете ги додека сте заедно во кревет. Нека го изпроба на вас вашиот вибратор, на тој начин нема да се чувствува запоставен.