
Мелани Вентура, фитнес инструктор од Австралија ни ја открива тајната за тоа како настануваат оние популарни фотографии пред и потоа.
Мелани ја објавила својата фотографија каде покажува како мала игра со светлината и поголеми гаќички можат да ве трансформираат за само 15 минути.
На левата слика појадувала обилно, носи тесни гаќи и е со опуштено тело, а тоа резултирало да изгледа дебело и запуштено. 15 минути покасно направила уште една фотографија но облекла црни, поголеми гаќи, се намачкала со средство за потемнување, ја средила косата, се исправила, го вовлекла стомакот и се насмевнала.
“Не дозволувајте медиумите да си играат со вас. Никогаш нема да видите многу фотографии каде ѕвездите изгледаат очајно. Фотошоп од свиња може да направи Бијонсе!“, вели Мелани.
