Вака изгледа новиот Национален контролен одбранбен центар на Русија

2 декември, 20150
7

Новиот Национален контролен одбранбен центар на Русија, во кој неодамна било одржано брифирање за случувањата во Сирија, стана вистински хит во светот.

Западните новинари пишуваат пофалби за ултрасовремениот Национален контролен одбранбен центар, каде рускиот претседател Владимир Путин неодамна ги брифираше за активностите на руското воено воздухопловство во Сирија.

– Вистинската ѕвезда на шоуто најверојатно беше самата зграда, која е дизајнирана да биде нервниот центар на руската војска – пишува Андрју Рот, новинар на московската редакција на Вашингтон пост.

Тој додава и дека центарот ќе помогне во „координирањето воени акции низ светот, вклучувајќи лансирања балистички проектили и стратешки нуклеарни разместувања“.

Вашингтон пост го цитира рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој кажа дека центарот е чекор кон „формирање едноставен информациски простор за решавање задачи во интерес на одбраната на земјата“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi