Вистинската љубов никогаш не умира

21 ноември, 20150
19

На една ливада стоеја Љубовта и Самотијата и набљудуваше еден млад заљубен пар.

Самотијата и рече на Љубовта:
-Се обложувам дека ќе ги разделам.
Љубовта возврати:
-Почекај само малку!Дај ми да проверам само една работа кај нив,а после тоа можеш да отидеш кај нив колку пати сакаш.
Самотијата се сложи со тоа.А Љубовта се приближи до нив,ги погледна во очите и го виде сјајот во нив.
Се врати назад и и рече на Самотијата:
-Ајде,сега е ред на тебе.
-Не,-одговори Самотијата,-Сега ништо не можам д анаправам,сега нивните срца с еисполнети со љубов.Ќе дојдам малку подоцна.
Помина некое време и Самотијата наврати покрај куќата на оној заљубен пар и ги виде младиот татко и младата мајка со новороденото бебе.Самотијата с енадевала дека тогаш ќе ги напушти љубовта и пречекорила преку нивниот праг.Но погледнувајќи во нивните очи,таа виде само Благодарност.
 Се сврти назад и рече:
-Ќе дојдам подоцна…
 Помина уште доста време и Самотијата се појави повторно пред нивната врата и го слушна детскиот врисок.Таткото тукушто се вратил од работа уморен,а мајката ги успивала децата.Самотијата се надеваше дека овој пат ќе може да ги раздели и си рече:“Помина толку време и Љубовта и Благодарноста досега може ги напуштиле нивните срца.„Но,им погледна во очите,таа сега во нив виде Почитување и Разбирање.
-Ќе дојдам подоцна,рече и овој пат се сврте и си замина.
Повторно помина многу време.И Самотијата,по навика,повторно се појави пред домот на заљубените.Забележа сега дека децата им се пораснати.Остарениот татко им објаснуваше нешто на синовите,а мајката спремала вечера во кујната.Загледувајќќи се во очите,Самотијата повторно се разочара,гледајќи во нив Доверба.
Помина најмногу време оттогаш.И Самотијата уште еднаш наврати во нивниот дом.Забележала дека сега внуците си заминуваат од куќата,а покрај каминот седи растажена и изнемоштена старица.Самотијата погледнала и рекла:
-Тоа е тоа,конечно дојде мојот момент!
 Сакаше да и погледне во очите и да с еувери,но во истиот момент старицата стана и излезе од куќата.Самотијата тргна по неа.Некогаш млада девојка,а сега стара жена,стигна до гробиштата и седна покрај еден гроб.Тоа беше гробот на нејзиниот сопруг.
 -Изгледа дека сепак задоцнив- рече Самотијата. – Времето го довршило тоа што беше моја задача.
Дури тогаш Самотијата се загледа во расплаканите очи на Старицата и во нив виде СПОМЕН:СПомен на Љубовта,Благодарноста,Почитувањето,Разбирањето и Довербата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi