Не е сеедно дали сте родени наутро, на пладне или доцна навечер. Вашите постапки, ставови и расположение може да бидат последица токму од времето кога сте родени.
Дневниот круг од 24 часа е поделен на 6 нумерички дела.
1 дел – помеѓу полноќ и 4 часот наутро
2 дел- помеѓу 4 и 8 часот наутро
3 дел – помеѓу 8 и 12 часот на пладне
4 дел – помеѓу 12 и 16 часот попладне
5 дел – помеѓу 16 и 20 часот навечер
6 дел – помеѓу 20 часот до полноќ
1 дел – помеѓу полноќ и 4 часот наутро
Имате тивка и смирена природа, сакате да фантазирате и имате бујна фантазија. Тешко се снаоѓате во реалниот свет. Роден уметник сте, па луѓето често не ве разбираат. Имате племенита и топла душа.
2 дел – помеѓу 4 и 8 часот наутро
Ваши одлики се итрината и хармонијата. Упорни сте и истрајни во сите работи, посебно во практичните. Сакате на другите да им бидете пример, па затоа постојано се докажувате и покажувате.
3 дел – помеѓу 8 и 12 часот на пладне
Имате голема верба, надеж и оптимизам. Весели сте, постојано со некој позитивен немир во вас. Зрачите со несебична љубов и магнетска топлина. Чувствителни сте, наклонети кон уметноста и филозофијата. Имате многу предности и таленти.
4 дел – помеѓу 12 и 16 часот попладне
Ведри сте и полни со енергија. Добри соговорници сте, математичари и физичари. Само треба да ја насочите енергијата во вистински правец. Имате многу таленти и способни сте да ги реализирате, затоа сте успешни на сите полиња.
5 дел – помеѓу 16 и 20 часот навечер
Имате немирен, изгубен дух и по малку сте нервози. Движењата ви се динамични, брзо мислите и делувате. Често ги менувате одлуките и ставовите. Правите повеќе работи истовремено. Оние кои не ве знаат мислат дека сте непромислено брзи, но многу добро знаете што правите.
6 дел – помеѓу 20 часот до полноќ
Умерени сте и упорни на сите полиња. Сакате да доминирате над работите и ситуациите. Рационални сте, магнетски привлечни и важите за голем авторитет. Понекогаш делувате и надмено, но само заради тоа што имате голема самодоверба и креативна енергија.