23-годишната заносна манекенка, Кели Џејн Бич, се појавила на црвениот тепих на премиерата од „Daddy’s Home“ во Лондон во средата навечер облечена во драстично смел фустан.
Ѕвездата од реалното шоу „Love Island“ подоцна зажалила поради нејзиниот моден избор со оглед на тоа што ризичниот фустан кој го носела, во одредени моменти кога Кели многу ќе се опуштела, ги отсокривал нејзините „женски делови“ овозможувајќи им добар поглед на папараците.
Покрај тоа што шлицовите на фустанот биле до половината и со еден погрешен чекор го откривале нејзиното меѓуножје, младата убавица одлучила да се „ослободи“ и од градникот – нормално, во име на модата!