Жена на годината: Сакаа да ме отпишат од музиката

21 декември, 20150
1

Лејди Гага заработи 6 Grammy Awards, продаде 10 милиони албуми во САД, влезе во куќата на славните текстописци, доби главна улога во продолжението на серијалот American Horror Story и постојано им помага на луѓето од LGBT заедницата. Токму поради тоа угледниот музички магазин Billboard реши да ја прогласи за жена на годината.

Оваа година беше мошне успешна за Гага, а неодамна успеа да се искачи на првото место на листите со „Till It Happens to You“, која ја напишала за документарниот филм „The Hunting Ground“, во кој се раскажуваат приказни за жртвите од сексуално злоупотребување.

Сепак, нејзиното време изгледа дека допрва доаѓа. Има 29 години и најавува дека има намера да „експлодира во 30-тите“ и да им покаже на сите жени дека не треба да се продаваат во музичката индустрија за да успеат.

За најдобриот настап

Најблескавиот момент оваа година беше настапот на доделувањето на Оскарите, кога изненади со величествената изведба од мјузиклот „Sound of Music“.

https://www.youtube.com/watch?v=yXS1cpSwwbQ

Знаев дека со овој класичен хит, кој го отпеале најголемите музички икони, можам или да растурам или целосно да се изглупирам. Одлучив да се коцкам, бидејќи сфатив дека сите полека ме отпишуваат. Му реков на својот менаџер – сакам два месеци да работиме само на ова.

Својот глас, Гага го доведе до совршенство во соработка со легендата Тони Бенет.

– Тој е заслужен за тоа што сум среќна, а истото може да го кажам и за Елтон Џон. Кога целата музичка индустрија ми заврти грб, тие ме охрабруваа.

За American Horror Story

За себе вели дека не е девојка која е ограничена и затоа улогата во American Horror Story ја смета за судбина, бидејќи сака да направи нешто исклучително истражувајќи ја уметноста на мрачното.

– Причината поради која сакам да гледам хорор филмови и криминални документарци, лежи во тоа што тие ја ублажуваат секоја моја болка преку која поминав во животот. Гледаш нешто многу полошо од она што си го доживеал. Тоа е како психолошки вид на мазохизам. Ако не сакате да бидете вознемирени, најверојатно серијата не е за вас, а ако не сакате апсурд, тогаш ни јас не сум за вас. Висев 45 минути наопаку, ми течеше крв од своето тело, седев гола во ладна вода цели два часа… Јас сум хард-кор, смета Гага.

Порака до музичката сцена

– Бидете добри и сочувствувајте едни со други. Прочистете ја музичката индустрија и трошете пари само на оние кои навистина знаат да пејат. Што се однесува до ремиксите – ме боли кога ќе се почувствува дека тие двајца музичари не биле во иста соба кога ја снимиле песната. Премногу ли ги ограничуваме музичарите поради она како „нешто би требало да звучи на радио“ и запираме ли во искажувањето на нивната генијалност? Можеме да ја обвинуваме дигиталната доба засекогаш, но музиката е природно право на човештвото. Ние пееме уште од пештерско време. Од сите мои колеги, јас изгледа сум најромантична, заклучила Гага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber