Жешките Русинките кои го освоија Instagram

8 јануари, 20150
15

Доколку редовно користите Instagram, без разлика дали додавате ваши слики или само ги прегледувате оние на вашите пријатели, сигурно сте ги забележале профилите на вртоглавоатрактивни девојки кои позираат во провокативни пози и имаат по милиони следбеници. Тие најчесто се Русинки, кои со својата убавина без проблем стекнуваат голема популарност на оваа социјална мрежа. Но, голема улога во тоа има и нивното богатство. Тие се татини ќерки на богати функционери или пак размазени, убави и млади сопруги на богаташи, кои добро се снашле во животот.

Покрај неодоливите облини, тие на Instagram ги привлекуваат фановите и со нивните модни комбинации. Запознајте дел од најпопуларнитеРускинки!

Светлана Билијалова

Една од Instagram рекордерките е Светлана Билаилова, која има повеќе од 1.800.000 обожаватели на оваа мрежа. Оваа девојка од Москва која е родена во 1992-та година, ја нарекуваат совршено чудо на природата. Благодарение на нејзината висина од 172 сантиметри и идеални пропорции од 91-58-96 сантиметри, заносната бринета едноставно го одзема здивот со својата појава .

Галинка Миргаева

Таа е 27-годишна манекенка од Перм, која обожува да ги прикажува своите облини за време на одмарањето во луксузините ресорти. Покрај тоа што има околу милион фанови, Галинка има и бројни вредни договори за модни кампањи.

Оља Абрамович

25-годишната Оља, која е исто така од Перм, има околу 1.300.000 обожаватели. Најмногу ги обожува разголените фотографии, кои ги разубавува со нејзините големи гради.

Олезија Малинскаја

Убавата и елегантна 25-годишна Олезија го исполнила сонот на секоја спонзоруша – на 18 години се омажила за милионерот Антон Малински и од мало место се преселила во Москва, а набрзо потоа се развела од него, побогата за неколку милиони. Сега, нормално, таа е модна креаторка.

Олга Ибрагимова

Олга Ибрагимова е ќерка на некогашен државен функционер и е позната модна дизајнерка, која својот талент редовно го прикажува на Instagram. Дипломирала моден дизајн во САД, а има свои бутици во три руски градови.

Марина Мајер

Марина Мајер својот вкус за мода го презентира низ скапоцените парталчиња со кои ја осипува нејзиниот сопруг. Откако богато се омажила, таа очигледно сосема се посветила на своето хоби – самопромоција на друштвените мрежи.

Која од овие убавици ви е фаворит?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş