Златно млеко: Индиски рецепт за зајакнување на имунитетот

popara9 февруари, 20151min00
16

Златното млеко е дел од древната индиска медицина. Се користи веќе долги години, а според индиското верување, истото е симбол на исцелителната моќ и доброто здравје.

Златното млеко докажано нуди многубројни здравствени благодети: го зајакнува имунитетот, коските, зглобовите и го чува здравјето на речиси сите органи.

Еве како да го направите:

Состојки:

  • 60 мл вода
  • 2 гр куркума (околу 1/8 супена лажица)
  • 250 мл козјо млеко
  • 30 мл масло од бадем (околу 2 супени лажици)
  • 1 лажица мед

Зовријте ја водата заедно со куркумата и оставете ја да се вари 6-8 минути. Додадете ги млекото и бадемовото масло и варете повторно додека не зоврие, а потоа мешавината тргнете ја од оган. Откако малку ќе се излади, додадете го медот и пијте го топло.

Индиската медицина препорачува консумација на златното млеко за лечење на проблемите со коските, зглобовите, артритисот, како и за подобрување на имунитетот. Златното млеко нема несакани нус појави, така што можете да го консумирате кога и да е потребно. Добро е да го пиете наутро, бидејќи ќе ве снабдува со енергија во текот на целиот ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag