Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина викендов заврши во кома, а семејството веќе стравува од најлошото. Дваесет и едно годишната Кристина е во болница откако во саботата беше пронајдена онесвестена во када.
Според последните информации нејзината состојба е стабилна, но е во медицинска кома поради тоа што има отекување на мозокот. Пријателите на семејството велат дека Кристина пред инцидентот била опседната со смртта на својата мајка која почина предозирана во хотелска када.
-Беше опседната со тоа, дури повеќе од минатата година и од претходно. Зборуваше за годишнината од смртта на Витни, повеќе отколку што зборува за својата годишнина од бракот, открива интерен извор.
Истиот извор тврди дека семејството се сомнева во биполарно пореметување, поради постојаните промени во расположението, постојаната депресија и злоупотребата на наркотични средства.
За сега не се откриваат повеќе информации околу тоа како Боби Кристина завршила онесвестена во бањата, а од семејството молат медиумите да ја почитуваат приватноста и да не „копаат“ по случајот.