Зошто не ви се јавува по првиот состанок?

13 ноември, 20150
2

Поминавте прекрасна вечер на првиот состанок, рече дека ќе ви се јави – но ништо. Станувате сè пофрустрирани ако ова ви се повторува. Зошто не ви се јавува по првиот состанок?

 Не му се допаѓате, но не сака да ве повреди 

Иако можеби звучи сурово, ова е вистина. Помислете на обратната ситуација – дали ви се случило момчето да не ви се допадне и едноставно да не можете да му се јавите, иако сте му ветиле. Дали тоа има лична врска со него? Секако, но не поради тоа што сте донеле одлука да не излезете со него повторно. Вие сте таа што одлучува дали тоа момче не се вклопува во вашите критериуми. Истото важи и обратно. Ако не ви се јави, не го земајте тоа лично. Не се работи за тоа дека не сте му се допаднале, туку не сте она што моментално му е потребно. Од друга страна, бидете сигурни дека сте ТОКМУ вие она што момчето го бара, само треба да наидете на него.

Но, ако ви се случи повеќе од трипати да не ви се јави за втор состанок, тогаш можно е проблемот да е во вас.

Дали премногу отворено сте покажале дека ви се допаѓа? Мажите обично бегаат во тој случај. Ако му откриете дека сте несреќни во животот, дека не сакате да бидете сами, дека сте депресивни и слично, тој тоа ќе го сфати како да морате да уловите некого по секоја цена, бидејќи мислите дека тој ќе ги реши сите ваши проблеми.

Мажите не бегаат од врски. Само не сакаат да влезат во врска со некој што ќе им натури еден тон проблеми на грбот. Поработете малку на себе, пронајдете некои ситни задоволства бидејќи само ако умеете да уживате во животот без партнер, тогаш станувате подготвени за врска и за партнер.

Сте му се допаднале, сакал да излезе повторно со вас, но подоцна одлучил да не ви се јави.

Ова можеби звучи чудно, но всушност почесто се случува од првото сценарио. Не се сите мажи толку „длабокомислени“ за да се однесуваат како мажи од првиот пример и да одат толку длабоко по првиот состанок во размислувањата. Ако сте му се допадале, а не ви се јавува повторно, тоа е веројатно затоа што е слаб и мисли дека тој не ви се допаднал на вас. Барал знаци дека ви се допаѓа, но вие не сте му дале, не сте сакале да покажете колку ви се допаѓа – и ете забуна!

Кои се ситуациите во кои мисли дека сте рамнодушни кон него:
–        ако на состанокот постојано се допишувате или телефонирате

–        ако не се смеете

–        ако не се трудите да започнете разговор; ако не учествувате активно во разговорот; ако одговарате кратко, со рамнодушен тон

–        ако покажувате дека не сте заитнересирани за разговор со него; не му обрнувате внимание, туку гледате наоколу, го проверувате часовникот…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi