Зошто врските на секој хороскопски знак не успеваат?

30 ноември, 20150
13

Иако неуспехот во љубовта не е само ваша вина, сепак љубовните грешки кои ги правите може да ви ја уништат среќата.

Дали сте преголеми егоисти? Или сепак сте премногу срамежливи за да си ги искажете емоциите? Можеби ве кочи тоа што секој партнер го земате „здраво за готово“?

Хороскопот ќе ви открие каде грешите:

Овен

Самоувереноста на Овенот, која на почетокот делува привлечно, со тек на време станува голема пречка. Овенот мора да поработи на својот егоизам и да научи како партнерот да го стави на прво место. Би требало да го разберат значењето на зборот компромис. Нивните брзи и бурни реакции се уште еден проблем во врските, затоа што на другите им е тешко да се справат со неочекуваните изливи на бес.


Бик

Биковите кои се во долги и стабилни врски често знаат да се запуштат. Се чувствуваат удобно, па претеруваат во храната и пиењето и не внимаваат на изгледот, што знае да биде непривлечно. Понекогаш се премногу мрзливи за романтика и партнерот го земаат здраво за готово. Уште една пречка е нивната тврдоглавост. Биковите се склони на едни исти замерки и упорно започнуваат кавги на иста тема, што со текот на времето досадува.


Близнаци

Близнаците се склони на флерт, па партнерите со нив се чувствуваат несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и преданост, заради што никој не се потпира на нив. Честото менување на мислењето и расположението е уште една работа која никогаш не е привлечна. Внимавајте со маските кои ги прикажувате.


Рак

Раковите често уште на почетокот на врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на брак и заеднички живот може само да го исплаши и оддалечи. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, заради што често другиот може да се чувствува задушено. Ракот лесно се навредува и е чувствителен, а покрај тоа не сака да започнува нови активности и да прави било какви експерименти. Со него животот лесно станува рутина и тоа му е најголемата грешка.


Лав

Големото его на Лавот е нешто со што секојдневно треба да се натпреварувате. Не е лесно да живеете со личност која лесно се навредува за секоја ситница и е подготвена со денови да молчи и да игнорира. Лавот сам на себе си е секогаш на прво место, што со текот на времето знае да стане проблем. Не знае да ја признае грешката, а како капак на сето тоа, склон е кон флерт, па партнерот никогаш не се чувствува сигурно.


Девица

Срамежливите и повлечени Девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер ретко кога знае на што е. Животот со нив знае да биде тежок затоа што се критичари и во сè наоѓаат по некоја маана. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во ситниците. Нивната опседнатост со здравјето исто така знае да биде напорна.

Вага

Вагите постојано се во љубовен хаос, со погрешни партнери, најчесто оние на кои им треба помош или „поправање“, што не е добра основа за врска. Кога се во врска Вагите се неодлучни и се прашуваат дали го одбрале вистинскиот. Потребата за флерт исто така го излудува партнерот. Не сакаат кавги, па го кажуваат тоа што партнерот сака да го слушне, односно немаат проблем да лажат.


Скорпија

Скорпиите секогаш одат на сè или ништо, па со нив не е лесно. Во врските се посесивни и љубоморни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа, таинствени се, па саканата личност секогаш има чувство дека Скорпијата нешто крие. Злопамтила се кои никогаш не простуваат, а малата кавга редовно ја претвораат во долготраен конфликт. Склони се кон емоционална манипулација.


Стрелец

Стрелците често несвесно го повредуваат партнерот, а тоа го прават заради потребата за возбуда и акција. Партнерот има товар дека постојано мора да биде активен и интересен, што создава притисок кој со тек на време досадува. Најголемиот проблем во врската со Стрелецот е потребата за личен простор, забава и слобода, што на многу од партнерите не им одговара.


Јарец

Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне целосна доверба во партнерот, што е долготраен процес. Партнерот лесно се фрустрира затоа што Јарецот не ги искажува емоциите. Не е лесно да живеете со меланхолична личност која се грижи за сите ситници, а песимизмот го пренесува на околината. Не се спонтани и оптоварени се со работа, па со нив животот лесно станува монотонија.


Водолија

Индивидуалноста на Водолијата може да биде исцрпувачка за партнерот. Богатиот друштвен живот може да биде извор за љубомора кај партнерот, што Водолиите никогаш нема да го сфатат. Во некои случаи недостатокот на интимност и романтика може да доведе до оддалечување. Потиснувањето на емоциите е уште еден недостаток заради кој Водолиите се непосакувани партнери.


Риби

Рибите живеат во свој свет и склони се кон идеализирање на партнерот, што доведува до нереални љубовни стандарди и барања од партнерот. Често влегуваат во односи со нестабилни личности или одржуваат тајни врски. Подготвени се да трпат многу, па затоа партнерите знаат да ги искористат и откачат. Мораат да сфатат дека во љубовта не може само да вложуваат, туку и да си ги покачат стандардите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *