12 лоши навики кои прават да изгледате постаро!

20 февруари, 20160
2

Сите знаеме дека е невозможно да изгледаме младо цел живот, но затоа понекогаш можеме да го спречиме времето кое маршира низ нашето лице. Затоа, не дозволувајте овие 12 грешки кои ги правите секојдневно да го направат вашиот лик предвреме да изгледа постаро.

1. Немојте да сте премногу слаби

Големиот недостаток од масни наслаги на вашето лице, ќе направи тоа да изгледа коскесто, постаро, бледо и без живот.

2. Престанете да ги триете очите

Триењето, тегнењето и почестото допирање на очите предизвикуваат подочници и темни делови околу нив.

3. Спијте попладне

Кожата ја има таа способност да се обновува преку ноќ. Затоа, попладневната дремка секогаш одлично влијае и врз мозокот и врз кожата на лицето.

4. Не спијте само на една страна

Спиењето на страна можеби е удобно, но тоа и штети на кожата. Притискајќи го лицето на перницата осум часа во текот на ноќта, често предизвикува брчки.

5. Не пијте од цевка

Пиејќи од цевка (ова се однесува и на пушење цигари) ги притискате усните, што потоа доведува до брчки околу нив.

6. Не барајте секоја крема да е против брчки

На пазарот има многу производи со состојки против стареење, но тие најчесто не се застапени во доволен процент во кремата или млекото за чистење лице. Затоа, ваквите креми можат негативно да влијаат на лицето, бидејќи ја немаат потребната концентрација.

7. Без стрес

Коризол, главниот стрес хормон, го уништува колагенот, што пак доведува до бледа кожа, брчки и предизвикува воспалување.

8. Не се потпирајте на козметиката за сончање

Иако има козметики кои штитат од штетните ултравиолетови зраци, тие не ги блокираат зраците кога се судираат со кожата. УВ зраците предизвикуваат темни точки на лицето и ги зголемуваат порите.

9. Не се фокусирајте само на брчките

Брчките не се единствениот доказ дека кожата старее. Ако ги имате, не значи дека кожата ви е стара или дека сте почнале да стареете. Темните флеки на лицето и пигментацијата се уште еден знак за тоа каква е вашата кожа.

10.  Не ги занемарувајте вратот и рацете

Вратот и рацете многу ретко ги добиваат потребната нега и внимание. Со едно истражување во кое учествувале жени од различни возрасти, се покажало дека оние кои имаат брчки и темни флеки на рацете, се постари од оние кои имаат брчки на лицето.

11. Не ги заборавајте очилата за сонце

Повторливите движења како смеење, мижење и намуртеност влијаат долгорочно на лицето. Изложувањето на сонце го уништува колагенот на кожата околу очите.

12. Не користете сапун

Сапуните најчесто содржат тешки детергенти кои многу лошо влијаат на кожата. Сувата кожа е непривлечна и груба и на неа полесно се забележуваат брчките и сите нејзини недостатоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *