2016 година ќе биде најтоплата во историјата

1 јануари, 20160
6

Наредната, 2016 година, ќе биде најтоплата во историјата, предвидува Британската метеоролошка служба. Според прогнозите, просечната глобална температура идната година ќе порасне за 1,14 целзиусови степени.

Иако метеоролозите напоменуваат дека може да дојде до отстапување на нивната прогноза, со голема сигурност тврдат дека постои само 5% шанси дека глобалната просечна температура ќе биде пониска од просечната оваа година.

Доколку се остварат предвидувањата, 2016 година ќе биде третата најтопла година по ред.

Главниот виновник за растот на глобалната температура веќе трета година по ред е глобалното затоплување.

И “El Nino”, топлата струја на површината на океанот, се јавува на неколку години во декември и ја зголемува температурата на морето за 3 степени целзиусови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *