Запознајте ја актерката која преку ноќ стана ѕвезда!

1 јануари, 20160
7

Британската актерка Дејзи Рајдли има само 23 години, и практично преку ноќ постигна планетарен успех, благодарение на улогата во филмот “Star Wars: The Force Awakens”.
дејзиОваа убавица водела прилично скромен живот со своето семејство во Лондон Пред да ја добие улогата на хероината Реј во новото продолжение на култната научно-фантастична франшиза, таа имала само помали улоги во две серии и еден филм.

Ретко кој можеше да претпостави дека во “The Force Awakens” ќе успее да ги засени холивудските ветерани како Харисон Форд. За својата изведба таа доби само пофалби, а оние кои соработувале со неа велат дека не е ни свесна каква иднина ја очекува.
дејзи1Инаку, Дејзи е родена во Лондон на 10-ти април 1992 година. Татко и е фотограф, а мајка и работи во банка. Има две сестри, Попи (27) која е музичарка и Кику Роуз (25) која е модел.

Порасната е во британската престолнина, а нејзиното семејство поседува и викендица во Хрватска која ја посетува секое лето. Ја споредуваат со Натали Портман и Кира Најтли.
дејзи2Таа се пријавила за улогата во филмот на Џеј Џеј Абрамс, а кога после седум месеци и пет аудиции ја повикале и и кажале дека е избрана, била надвор од себе од среќа.

“Имав чудно чувство во стомакот додека бев на аудицијата. Нешто ме туркаше напред, ми викаше дека ќе се случи. Ги сакам ‘Star Wars’ филмовите, но не сум голем фан како многу други”, изјави таа.
дејзи3Првиот ден од снимањето поминало добро, па добила и критики од режисерот.

“Бев преплашена. Мислев дека ќе имам напад на паника. Не можев да дишам и бев на раб на солзи. Тоа беше ужасно”, вели таа.

Дејзи се уште се навикнува на новостекнатата слава.

“Луѓето го тетовираат моето лице. Тоа е лудо. Сепак, ми се имаат случено и полоши работи од тоа да ме препознаваат на улица”, со насмевка вели Дејзи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi