Достигнувања и пронајдоци на старите Египјани што ги користиме и денес

18 октомври, 20160
2

Издвојуваме дванаесет достигнувања и пронајдоци на старите Египјани што ги користиме и денес во секојдневна употреба:

Мастило
Мастилото го користиме секојдневно, а не сме свесни од каде потекнува. Освен црното, Египјаните пронајдоа и други бои на мастило со кои внимателно ги исцртуваа пергаментите. Нивната боја е толку постојана што дури и денес имаме уметнички дела и предмети од тој период што не се избледени.

Шминка
Додека шминката денес воглавно е резервирана само за жените, во Египет и машките се разубавувале на тој начин уште одамна. Тушот со кој денес жените најчесто ги истакнуваат очите всушност го направиле старите Египјани мешајќи маст, минерали и гар. Шминката тогаш била показател на општествениот статус. Ако на лицето и телото сте имале повеќе бои, тоа значело дека се наоѓате повисоко на општествените скали.

Мебел
Предметите како што се масите, креветите и столиците- сето тоа е откриено во египетските гробници.

Пишување
Книгите и скриптите се свет дел на историјата, а Египјаните биле први што воделе писмена евиденција во врска со сите случувања во животот. Раниот облик на пишување- хиероглифите, низ серија на цртежи и симболи, прикажувале слики од животот .

Хартија
Египјаните правеле хартија од трските што растеле долж реката Нил. Тие правеле хартија со цел да ја запишат историјата, верски текстови и други важни документи.
Сончев и воден часовник
Со помош на сончевиот часовник, со помош на сонцето, Египјаните го одредувале времето во тек на денот, а со помош на водениот го одредувале времето во тек на ноќта.

Перики
Поради топлите лета и вошките, Египјаните ги бричеле главите. Затоа сите, освен свештениците и обичните работници, носеле перики. Периките ги правеле од волна, или од вистинска коса, а постоеле во сина и црна боја.

Паста за заби
Египјаните биле многу заинтересирани за одржување на лична хигиена, па така со мешавина на различни растенија и етерични масла од цимет, темјан и мед, го направиле предокот на денешната забна паста.

Календар
Египетскиот календар се состоел од 365 денови, 12 месеци и 30 дена во месецот. На крај на годината додавале уште 5 додатни денови. Исто така, нивните календари го бележеле и нивото на реката Нил, за земјоделците да можат да ги следат своите посеви.

Наводнување
Старите египјани развиле комплексен систем за наводнување со цел да ги одржат своите сушни посеви.

Стакло
Старите Египјани ги создале првите разнобојни стаклени перли уште 1500 години пред Христос. Се разбира освен перли, правеле и шишиња, чинии и тегли. Нивната вештина во обликување на стакло била на многу високо ниво, па затоа и нивните стаклени предмети биле многу ценети.

Плуг
Египјаните први го користеле плугот. Првобитно, плугот што тие го изработувале бил многу неефикасен за земјоделието, но успеале да го унапредат врзувајќи го за вол кој имал сила да го влече ова орудие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma