Адријана Лима редовно им дозволува на своите фанови да ѕирнат во нејзиниот личен живот преку фотографии кои ги споделува на социјалните мрежи. Деновиве 34-годишниот ангел споделува слики од тропскиот одмор со двете ќеркички на Туркс и Кајкос.
На една од фотографиите, Лима позира со поголемата ќерка Валентина, додека на друга се гледаат силуетите на Адријана, Валентина и Сиена.
Лима објави и фотографии на кои е по бикини и измами многу комплименти од обожавателите за привлечниот изглед.
Се разбира, сексапилната манекенка не ги прескокнува своите тренинзи ниту кога е на одмор.