Антонио Бандерас во новиот филм за Џани Версаче

11 јануари, 20160
1
Антонио Бандерас ќе игра во новиот филм за култниот италијански моден дизајнер Џани Версаче кој ќе го снима данскиот режисер Били Август.

Били на филмскиот фестивал во Капри го најави новиот филм за Версаче кој треба да почне со снимање оваа пролет и во кој ќе се појави познатата шпанска и холивудска ѕвезда. „Во филмот ќе ја претставиме интимата на Версаче, но и некои работи кои се помалку познати за него“изјави данскиот режисер.

Инаку, тој за 2017 најави уште еден биографски филм, за композиторот Антонио Вивалди. Џани Версаче е роден во 1947 во Реџо Калабрија. Со 18 години започна да работи во кројачкиот салон на неговата мајка, а првата самостојна модна колекција ќе ја претстави во 1978 година. Една година подоцна ќе го отвори и својот прв бутик во Милано под свое име. Тој е убиен во 1997 година на прагот на својот дом во Мајами.

Били Август е познат по филмовите „Куќа на духовите“, „Ноќниот воз за Лисабон“…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber