Астро бебе: Бебето Овен е креативно, Бикчето тврдоглаво, Ракот е мирно бебенце, Стрелецот ќе ве исфрли од рамнотежа…

popara12 ноември, 20161min00
4

ОВЕН-Бебето овен,како огнен знак е динамично и многу креативно.Она што го сака повеќе од се е внимание од семејството,бидејќи му е потребна беспрекорна љубов.Поради тоа ќе даде се од себе да биде приметено,а неговата спонтаност ќе му помогне во тоа.Низ животот ќе го водат емоции и тоа искрено ќе ве сака. Бебињата овнови можат да постанат успешни менаџери или спортисти.

БИК-Бебето родено во знакот на Бик е тврдоглаво и одлучно.Лесно може да стане мирно и слатко бебе ако е опкружено со љубов и внимание и ако се чувствува сигурно. Бебето Бик е многу осетливо, со развиен осет за допир.Поради тоа ова бебе секогаш ќе биде среќно кога ќе го земете во раце.Како земјен знак, тоа ќе сака со двете нозе цврсто да стои на земја.Овие деца можат да постанат добри економисти или книговодители.

БЛИЗНАЦИ-Бебето Близнак е голем истражувач и сака да знае буквално се.Бидејќи брзо му станува досадно,потребно му е многу поттик за да биде среќно. Брзо учи но не обрнува внимание на детали. Можно е да прозбори порано за разлика од други бебиња и негово омилено прашање е ,,зашто“. Познато е по контрадикторно однесување.Бебето Близнак во еден момент може да биде многу нежно и внимателно,а веќе следниот минут да постане отсутно и ладно.

РАК-Бебето Рак е мирно и осетливо бебе.Чувствително е и реагира и на најмала негативност на вашиот глас и го става тоа на срце. Ова бебе е неверојатно мило, драго и знае да одговори на родителските чувства.Ги сака животните.Ова бебе на прв поглед изгледа срамежливо и беспомошно. Но, покасно ќе стане независно и ќе има силно чувство за одговорност.

ЛАВ-Бебето родено под овој знак има потреба да се чувствува посебно. Сака да биде во центар на внимание и да му се восхитуваат. Сака да си игра со други деца додека играта е под негова контрола,но тешко му паѓа кога својте играчки треба да ги дели со пријателите. Овие бебиња чувствуваат дека треба да заслужат подобро, поголеми и поважни улоги во животот. Родителите треба да се навикнат на неограничена енергија на нивното малечко.

ДЕВИЦА-Бебето Девица е трпеливо и полно со разбирање, но исто така амбициозно и обрнува внимание на детали. Сака едноставни игри и не му е потребно внимание од други. Бебињата Девица исто така порано ќе прозборат,порано од повекето бебиња во нивна околина.Од мали нозе,овие бебиња помагаат на мајката и внимателни се према сите.Не сакаат да се фалат,али исто така не сакаат ни критика.

ВАГА-Бебето Вага е послушно,нежно и шармантно.За да се чувствува сигурно,потребно му е да живее во хармонија и мирна околина, која не ја ограничува неговата слобода. Бебето Вага е со прилагодлив карактер, поради што другите го почитуваат и ценат. Сака да биде опкружено со семејството и пријателите. Тоа е родено посредник и можно е рано да успее како адвокат или судија.

ШКОРПИЈА-Бебињата Шкорпии се особи и личности од самото раѓање. Они се борбени, тврдоглави и имаат неверојатна сила. Нивната глад за знаење се буди многу рано. Интелигенција и перцептивност на бебето Шкорпија се извонредни. Бебињата родени под овој знак треба секогаш да се поттикнуваат да ја трошат својата енергија.

СТРЕЛЕЦ-Живоста на овие деца родени под знакот Стрелец може да ги исфрли од рамнотежа и најтрпеливите родители. Овие деца се немирни и љубопитни. Нивниот памет е секогаш активен и брз. Поставуваат безброј прашања што можат да бидат исцрпувачки за нивните учители. Обично успеваат во спортот,поради својата добра кондиција. Во разговор овие деца се интелигентни и остроумни.

ЈАРЕЦ-Бебињата родени под знакот Јарец се мирни и дисциплинирани. Нови работи учат бавно,затоа што сакаат да ги научат добро. Овие деца уживаат да се чувствуваат важно уште од најрано детство и сакаат да им се дава одговорност. Непредвидливи работи може да ги исплашат, затоа што сакаат да бидат сигурни во себе. Родителите треба секогаш да ги фалат нивните амбиции и планови. Секогаш со внимание и љубов ќе возвратат на своето семејство.

ВОДОЛИЈА-Бебињата Водолии секогаш се љубопитни и полни со енергија. Они се прави мислители со напредни идеи. Овие бебиња знаат како да ја разбијат монотонијата на секојдневниот живот, затоа што се секогаш добро расположени,мирни и шармантни. Поради голема желба за слобода, секогаш ќе мразат рутина и монотонија.Нивната искреност и смисла за хумор ќе им помогне во друштво,затоа што за нив пријателството е најбитно. Водолијата е најсреќна во професија како што се глумец, новинар или музичар.

РИБА-На ова осетливо бебе потребно му е доста нежност.Лесно ќе можете да го освоите со нежност и љубезност.Секогаш се поврзани со светот на соништата и имаат бујна фантазија. Често се срамежливи, но и практични. Со текот на времето, девојчињата Риби, ќе научат како да ја искористат својата чувствителност и срамежливост во освојување на своите врсници, грациозно и паметно.