Еве што може да ви се случи доколку користите миризлива тоалетна хартија

12 ноември, 20160
3

Иако технологијата е променета, уште е присутна голема загриженост по прашањето за користење на обоена и мирислива тоалет хартија, а еве и зошто.

Америанската ФДА во 1987 година воведе револуција во козметичката индустрија, забранувајќи користење на одредени бои и мириси, откако на лабараториските животни била забележана честа појава на тумори, после изложување на одредени бои и мириси.

Еве кои проблеми може да ги предизвика користењето обоена и мирислива тоалетна хартија:

Рак на грлото на матката

ФДА и Department of Health and Human Services во 1987 година забраниле користење одредени бои во производството на тоалетната хартија, поради зголемен ризик за заболување на рак на грлото на матката кај лабараториските животни. Се претпоставува дека слично влијание таквата тоалетна хартија ќе има и кај жените.

Ректални проблеми

Користењето обоена и мирислива тоалетна хартија може да предизвика воспаленија и чешање во ректалното подрачје. Освен тоа, добра навика е од време на време да го проверите изгледот на столицата, за да може на време да се воочи доколку има крв во столицата. Обоената тоалетна хартија спречува воочување на таквите проблеми.

Инфекции на мочниот систем

Обоената тоалетна хартија може да биде многу иритантна на вагиналното подрачје, па нејзиното користење често се наведува како причина за инфекции на мочниот систем.

Габични инфекции

Едно од прашањата кои гинекологот ги поставува на пациентките со габична инфекција, е дали користат обоена тоалетна хартија. Научниците откриле директна поврзаност меѓу користењето обоена тоалетна хартија и појава на габични инфекции.

Здравје на животната средина

Додавањето бои и мириси на тоалетната хартија може дополнително да ја загади околината. Користење на бела тоалетна хартија е мал, но важен чекор во помош на зачувување на животната средина.

Најопасна е црвената боја

Истражувањата покажуваат дека за здравјето најопасна е црвено обоената тоалетна хартија. Тоалетната хартија украсена со цртежи кои имаат црвена боја, кога се мокри изгледаат како да имаат крвави траги, а токму тие се знаците за појава на многу болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma