Бијонсе ќе снима филм за жената која била Ким Кардашијан на 19 век

11 јануари, 20160
3
Бијонсе која е позната како кралица на поп музиката, со стотина милиони продадени плочи, најави дека планира сериозно да се посвети и на седмата уметност.

Според магазинот „The Sun“ Бијонсе собира писатели и учители по глума како би го поставила својот прв филм, базиран на приказната за Саартјие Бартман, жена од Африка која станала симбол на злоставување на Афроамериканките поради изгледот на нивното тело. По улогите во филмовите „Austin Powers’ Goldmember“ и „Dreamgirls“ Бијонсе очигледно ќе тргне и по својот прв Оскар, покажувајќи им на сите дека не пости ништо што би можело да и застане на патот и да ја спречи во оваа намера. Дали ќе успее, останува да видиме.

Инаку, Сара Саартјие Бартман била жена со гени од Којсанскиот народ од Источниот Кејп, руралниот дел на Јужноафриканската република. Којсаните се автохтон народ од Јужна Африка кои беа окупирани од страна на европските колонизатори и Нгуни народот кој дојде од источна и централна Африка. Она по што Којсаните физички се разликуваа од останатите племиња биле нивните нагласени задници и коси очи како кај Азијците. Имено, како ловци-собирачи морале да се прилагодуваат на периодите на немаштија и глад. Затоа, кога имале храна во изобилие, тие ги потхранувале нивните тела во изобилие, односно ги складирале мастите во „гепекот“ па тоа резултирало со големи задници. Оваа физичка разлика Европејците ја искористија како подлога го прогласија овој народ за примитивен кој помалку еволуирал.

Сара Саатје Бартмен е родена околу 1790 година во подрачје кое било опустошено од разни војни, а нејзиниот сопруг и татко биле убиени во еден напад, па Сара останала бездомничка. По смртта на нејзините најбчлиски таа набргу завршува како робинка на едно семејство во Кејптаун, додека нејзините облини биле многу интересни за колонизаторите. Иако била многу ниска, нејзиниот задник бил поприлично развиен, па британскиот воен доктор Александар Данлоп во 1810 година ја однел во Лондон за да ја покажува пред народот на бина. Тој ја рекламирал во англиските весници со реченицата„Хотентотска Венера дојде во градот“.

Влезот чинел два шилинзи, што за тоа време била солидна сума и гарантирало добра заработка. Сара на бината била принудена да шета во тесни костими кои ги оцртувале нејзините облини и кој не можел да ги покрие нејзините големи брадавици.

Жените во публиката шепотеле и се туркале непристојно распрашувајќи се дали нејзините облини се вистински. Иронично, неколку децении подоцна Европјанките почнаа да носат фустани кои имаа „засилување“ на задниот дел, како нивните задници би изгелале поголеми. Со цврст корсет би го истакнале струкот и би ги исфрлиле градите па таквата градба стана симбол на сексуалноста. Затоа некои академци велат дека токму Бартмановата била инспирација за тоа.

Во 1814 година Баартман е продадена на еден Французин којшто заработувал со неа покажувајќи ја низ Европа. Пред да умре во 1815 почнаа да се шират гласини дека била зависна од алкохол и дека има сифилис. Дури и по нејзината смрт, искористувањето на Хотентотската венера не престанало – хирурзите и ги отсекле и сочувале нејзините генеталии (!), а уметниците почнале опсесивно да ја сликаат, инспирирани од нејзината појава и живот.

Нејзините гениталии беа изложени во „Musée de l’Homme“ Париз се до 70-години од минатиот век, заедно со нејзиниот скелет. Дури во 2002 година, на молба од Нелсон Мандела нејзините посмртни остатоци се пренесени во Јужна Африка каде официјално е закопана. До тогаш Бартман стана икона на расизмот и сексуалното искористување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber