Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо си избра нова убавица која веќе има искуство со спортисти, и тоа бугарскиот фото-модел Николета Лозанова.
По секси Колумбијката со која излегуваше неодамна, сега Роналдо ја прошири потрагата по убавици и на Балканот.
Фудбалерот наводно контактирал со убавата Бугарка откако видел нејзини фотографии на Инстаграм, па таа сега секој викенд патувала во Шпанија на средби со него.
Инаку, Николета има и претходни љубовни искуства со спортисти. Таа минатата година се раздели од бугарскиот фудбалер Валериј Божинов, а се шпекулираше дека „се вмешала“ во врската на тенисерите Григор Димитров и Марија Шарапова, што било и причина за нивно прекинување.