Дали можете да ја препознаете оваа позната глумица?
Познатата глумица Ева Лонгорија важи за една од најубавите жени на планетата, а неодамна се вери со своето момче Хосе Антонијо Бастон.
Ева е дефинитивно една од глумиците која секогаш блеска на црвениот тепих, но дали се запрашавте како изгледа кога патува?
Сега ја имате можноста да ја видите Ева неподготвена за фотографирање кога заедно со својот вереник, сопственикот на латиноамериканска медиумска куќа „Televisa“, се враќа од Дубаи за Америка.
Некои би рекле дека Ева не личи на себе, додека пак други велат дека ваквото издание на глумицата е поврзано со нејзиното опуштено природно издание и фактот дека она е една обична жена.
Сепак неможе да не се примети оваа необична комбинација на тренерки, зимска јакна и сандали.
Папараците не пропуштија да го фотографираат вереничкиот прстен на Ева, кој навистина изгледа преубаво.
Затоа следниот пат кога ќе гледате фотографии од црвениот тепих сетете се дека сите овие жени на крајот од денот се исти како вас, луѓе со сите доблести и мани.