Дали страдате од сезонска депресија?

16 февруари, 20160
4

Ова се всушност симптоми на сезонско афективно растројство – нарушување на расположението кое наликува на депресија, но е сезонско, обично се појавува на есен, а се повлекува на пролет.

Еве 10 вообичаени симптоми на сезонското афективно растројство:

1. Депресивно расположение скоро секој ден

2. Губење на интересот за работи кои порано ви биле интересни или пријатни

3. Промени во спиењето – главно премногу спиење

4. Малку енергија и летаргичност (рамнодушност)

5. Проблеми со концентрацијата и фокусот

6. Анксиозност, иритираност или потешкотии при справување со стресот

7. Неподготвеност за работа со други лица и желба да се биде сам

8. Намалено либидо и сексуална желба

9. Желба за сончева светлина

10. Желба за храна богата за јаглени хидрати (што резултира со зголемување на тежината)

Ако сметате дека е можно да страдате од оваа сезонска депресија, консултирајте се со стручни лица. Покрај тоа, постојат неколку работи кои може да ги направите за да ги намалите симптомите – излегувајте надвор на сончеви денови, поминувајте повеќе време на отворено, имајте постојан распоред на спиење, одете на одмор (зимување), балансирајте ја исхраната и доколку сметате дека ви се потребни лекови (антидепресанти) консултирајте се со вашиот доктор или психијатар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi